Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.
– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.
Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.