Новата Влада предводена од СДСМ, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата и правдата со уште поуспешни политики и уште подобри резултати. Со поддршка на граѓаните и победата на изборите СДСМ продолжува да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години, наведуваат од владејачката СДСМ.
-Новата Влада која СДСМ ќе ја формира, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, правдата, владеење на правото. Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија. Со нови мерки и политики продолжува концептот парите назад кај граѓаните, раст на платите, раст на пензиите и грижа за сите, како и за најранливите категории на граѓани. Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој. Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ- наведуваат оттаму.
Новата Влада предводена од СДСМ, истакнуваат оттаму, не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните.