СДСМ ќе ги предаде документите за Мицкоски во Обвинителство

by fokus

Документите што ги добивме, а коишто се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции, најавуваат од СДСМ,откако вчера го обвинија лидерот на опозицијата дека додека бил директор на ЕЛЕМ испумпувал пари и го плаќал неговиот близок пријател од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски за адвокатски услуги.

-Како тогашен директор Мицкоски прво склучил еден Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, вреден 1.600.000 денари, за период од две години. Но тоа не било доволно и само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов Договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари за адвокатски услуги! Само со овие два договори, за пет месеци, Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните! За граѓаните 100% поскапа струја од извршителот Мицкоски, ама за Тошковски 170.000 евра! Извршителот Мицкоски делувал исто како неговиот шеф Никола Груевски во криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Со сомнителни шеми, парите на граѓаните завршувале кај лица од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа извршителот Мицкоски работеше против Законот за Јавно обвинителство, затоа што се плаши од правдата исто како и неговиот шеф во Будимпешта, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Поврзани новости