611
СДСМ најдоцна до 25 август ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.
-СДСМ и коалицијата на централно ниво троши доста време за да ги најде најдобрите кандидати, второ, рамномерната застапеност на советничките листи исто така за да можеме конечно да оставиме доволно време за поднесување на советничките листи согласно Роковникот на ДИК – изјави денеска партискиот лидер и премиер Зоран Заев.
Тој додаде дека со ДУИ имаат финален договор да се поддржуваат во првиот или во вториот круг, во зависност од кандидатите, додека не сакаше да ги коментира потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.