Луѓето имаат потреба од поголеми приходи и помали давачки, наспроти 10-годишното осиромашување, велат денеска од СДСМ.
-Еден од начините како ќе ги враќаме парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки. На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин. За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните. Ова значи дека во секое семејство, ако се пресмета на годишно ниво, ќе влегува плата плус. Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, и за помали давачки, и за повисоки плати, и за нови работни места. Таков живот избраа граѓаните. За тоа е потребна нова одговорна Влада којашто ќе води реални политики, стои во соопштението на СДСМ.