СДСМ: Камиказа призна дека зел 14.000 евра за озвучување

by fokus

Од СДСМ обвинуваат дека противкаднидатот за локалните избори Петар Георгиевски Камиказа, преку својата фирма, наплатил 14.000 евра за озвучувањето, за новогодишната ноќ.

– Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар Георгиевски Камиказа, преку статус призна дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра. Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа – велат декенска од партијата.

Од Град Скопје пак, велат и дека буџетот бил лошо раководен од претходното раководство, па така реагираат дека само за 2020 година биле планирани околу 140 илјади евра за настап на две групи, една од Косово и една од земјава.

– Концептот на прослава на Нова година со македонски изведувачи се покажа како успешен. Овој концепт ќе биде дел од следните новогодишни прослави, со целодневна програма и со значително помалку средства од што досега биле користени од градскиот буџет за оваа намена, се вели во реакцијата на Град Скопје во врска со организацијата за прослава на новогодишната ноќ на плоштадот во главниот град – велат од Градот.

Од СДСМ претходно обвинија дека фирма на Петар Георгиевски Камиказа го обезбедила озвучувањето за новогодишната прослава, а од Град Скопје реагираа да престанат вакците напади, за како што велат, „настани кои немаат никакви финансиски импликации на работата на градот“.

Поврзани новости