СДСМ: Калеска-Ванчева од првиот ден на мандатот ја напушти адвокатската канцеларија

by fokus

Пратеничката Снежана Калеска-Вначева е основач на адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, од првиот ден на мандатот таа ја напушта адвокатската пракса и нема никаква допирна точка ниту со управувањето, ниту со секојдневното функционирање на друштвото, се вели во реакцијата на СДСМ по пресот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои обвинија дека ова адвокатско друштво добило 55 илјади евра од институции.

-Обидувајќи се по секоја цена да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ. Таква е и денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој се обидува да измисли скандал онаму каде што го нема.

Ниту една лага, ниту еден конструиран случај од белиот дворец нема да го сокрие фактот што полека изминуваат првите сто дена од мандатите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ а тие освен партизација, поништување проекти, набавка на чоколади, ништо друго не сработеа, се вели во реакцијата на СДСМ.

Арсовски: Адвокатско друштво на пратеничка на СДСМ добило 55 илјади евра од институции

 

Поврзани новости