-Сашо Мијалков, од позиција на Директор на УБК, и Никола Груевски мораат да и одговорат на јавноста во Република Македонија: Каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија? Каква е таа наводна странска донација што не е пријавена во Секретаријатот за европски прашања? Каква е таа донација во којашто се договара давање пари во кеш?, прашува СДСМ, откако директорот на УБК негираше дека земал провизија и рече дека тоа било донација од пријателска служба.
Во реакцијата на СДСМ уште пишува дека од објавените разговори, чија веродостојност ја потврдиле Сашо Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, се докажало дека Мијалков ја избрал банката во Будимпешта, преку која се извршени трансферите на средства. Од опозициската партија прашуваат зошто наводната донација е уплаќана на сметки на странски банки во странски држави.