ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година, реагираат од СДСМ откако генералниот секретар на владата, Игор Јанушев ги повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да влезат во Генералниот секретаријат тврдејќи дека владата се користела како штаб на СДСМ.
-Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази.Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021. Јанушев уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со Панче Тошковски и да ја објави постапката во која тие двајцата се стекнале со убави станови од над 150 квадрати во центарот на градот во период кога беше актуелен скандалот со набавката на кинеските автобуси, се вели во реакцијата на партијата.