СДСМ: Ја водиме државата напред, а Мицкоски постојано блокира и кочи

by Fokus

Агендата на Христијан Мицкоски е антидржавна, додека СДСМ води напред, тој постојано нешто блокира, кочи, саботира, дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштение од владејачката партија.

-Додека СДСМ работеше на решавање на најкрупните прашања кои со децении ја влечеа нашата држава надолу, Мицкоски работеше против успехот на сопствената татковина. Се обиде да ги закочи процесите за членство во НАТО и ЕУ, работеше против Преспанскиот договор и не аплаудираше на стратешкиот успех: членството во НАТО, велат од СДСМ од каде додаваат и дека Мицкоски го поткопувал здравствениот систем во екот на корона-кризата.

„И покрај потврдената доверба кај граѓаните, СДСМ се менува, се демократизира и подобрува, а ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува целосно заглавена во режимската матрица“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува и дека граѓаните тоа го гледаат и знаат и затоа Мицкоски губи на избори.

Поврзани новости