538
Собраниието на Северна Макекедонија ја констатираше оставката на Никола Груевски, која до парламентот беше доставена на 5 јуни. Со тоа предлогот за одземање на мандатот е беспредметен и беше повлечен.
Пратениците од СДСМ ја прифатија оставката на Груевски, иако претходно тврдеа дека мора лично да се појави на седница и да ја образложи.
-Нема да дозволие Никола Груевски во наредните шест месеци да прима плата затоа што вие најавивте дека не даваате поддршка за обезбедување двотретинско мнозинство за одземање на неговиот мандато. Затоа ја прифативме и почитувавме одлуката на претседателот на Собранието да му биде констатирана неговата оставка – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.