88
Додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ сака да профитира од трагедија и човечките жртви велат од СДСМ.
„ Кај ДПМНЕ и Мицкоски нема грам човечност. Имаат изопачена потреба за политизација на жртви. Најмалку што може и што треба да направат ДПМНЕ и Левица е да излезат пред јавноста и да им се извинат на граѓаните и на припадниците на македонската полиција“, се вели во соопштението од партијата.