„Истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции. Министерството за внатрешни работи и обвинителството, за првпат во 20 години влегоа на Онкологија и започна расчистување“ велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека „ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка“.
„Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ. Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност. Тоа потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија со грозоморната шема воспоставена пред многу години“ е вели во партиското соопштение.