СДСМ: Исплатени субвенциите за тутун, за помалку од 3 години владата исплати над 427 милиони евра кон земјоделците

by Fokus
Во време кога државата како и целиот свет се соочува со здравствена и економска криза, Владата, предводена од СДСМ, презема низа мерки за да се ублажат последиците врз земјоделството и руралниот развој. Веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за откупен и предаден тутун за 2019 година. Покрај оваа поддршка, годинава тутунот има рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
-Додека трае вонредната состојба во мирување се ставени роковите за доставување на апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД програмата, за да се обезбеди дополнителен рок за имплементација на започнатите инвестиции. Во рамките на мерките за ублажување на последиците од здравствената криза во агросекторот, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај, порачуваат од СДСМ.
 Тие дополнуваат дека рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019  се продолжува до 12-ти ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемиле на 2.500 денари по грло.
-За неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор, по националните програми исплати над 427 милиони евра за земјоделците. СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости