Поминаа 49 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.
Од таму тврдат дека институциите 49 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионски суми на нивното салдо
– Што значи молкот на институциите за милионите на медиумите на Никола Груевски? Дали со пари на граѓаните се плаќа креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата? Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години. Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра – се наведува во соопштението од СДСМ.