СДСМ: Има време за дневни политики, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите за ЕУ и НАТО

by fokus

Во интерес на граѓаните и иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лажните вести и да се вклучи во процесите кои обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО, велат денеска од СДСМ.

-Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот иденитет и македонската посебност. Напротив, со Договорот македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш засекогаш и никој повеќе нема да може да го негира или оспорува. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Членството во ЕУ и НАТО е над сите политички партии, а обезбедувањето на македонскиот идентитет и македонската посебност е над сите дневно политички и меѓупартиски полемики. Има време за дневна политика. Сега е моментот за обединување на сите политички субјкети во правецот на обезбедување на македонската иднина во ЕУ и НАТО, онаму каде што вистински припаѓа, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости