СДСМ има потреба од Заев, истакна Спасовски

by Fokus

Најдобро е Заев да остане на чело и на партијата и во владата, вели  во изјава за Утрински Брифинг министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Заев носеше одлуки, кои на почетокот  не  беа сфатени. Најдобро е тој да биде тука и во владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз основа на тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување.Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединува структурите и во партијата и во коалицијата, истакна Спасовски.

Поврзани новости