Трет ден генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев, молчи и се крие од граѓаните за скандалот со неговиот подарок во вредност од 325.000 евра, велат од СДСМ.
„Во глувчешка дупка се кријат и тој и Мицкоски и се надеваат дека ова ќе помине и со тоа докажуваат дека има дебел криминал позади подарокот од неверојатни 325.000 евра.
Граѓаните се огорчени и потценети од ова скандалозно однесување на Јанушев и потценување на нивната интелигенција. Повеќе од јасно е дека станува збор за пари стекнати на нелегален начин кои сега се обидува преку наводни подароци да ги озакони. Игор Јанушев мора одма да биде разрешен од функцијата“ додаваат од партијата.
Од СДСМ му порачаа на Мицкоски дека ова му е шанса да докаже како се бори против криминал и корупција.
„Одма да нареди истрага за потеклото на парите на неговиот секретар и да го обели образот на оваа Влада. Мицкоски и неговата Влада за само 30 дена докажаа дека ќе бидат најлошата Влада која сме ја имале.
СДСМ нема да прекине да прашува за овој скнадал се додека не се произнесат сите инволвирани во него, додека не започнат истрагите и додека тој не се повлече од функцијата.
Институциите и обвинителството да не молчат, СДСМ очекува итна и транспарентна истрга“ порачаа од опозициската партија.