СДСМ и ВМРО ги гласаат законите, велат избори ќе има на 12 април

by fokus

Во Собранието денеска во претпладневниот дел се изгласа закони од повеќе области, со што се потврдија вчерашните информации за постигнат договор меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата.

Се изгласаа 14 закони по скратена постапка и еден во редовна кои беа на 126. седница, а се од областа на финансиите, здравството и земјоделството. Потоа започна разгледувањето и гласањето за точките од 123. седница. Пратениците по паузата ќе гласаат за Законот за Данокот за личен доход, а на седницата беше прифатен и амандман на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова за законот за стечајците, односно тие да можат да достават пријава до 31 јануари 2020 во Заводот за вработување.

Претходно денеска координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и на СДСМ истакнаа Јован Митревски рекоа дека законите од 126. и 123. седница денеска ќе се гласаат и дека избори на 12 април ќе има.

– Не само што беше лажна вест дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и ги блокира законите, туку тоа беше обид за да се избега од избори. Гледаме дека денес законите кои се врзани со рок 31 декември и во интерес на државата и да немаме некои празни дупки во донесувањето на некои закони кои треба да се применуваат од 1 јануари 2020 година на собраниската седница се дебатираат. Блокада од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема. Единствениот аргумент за бегство од избори на господинот Зоран Заев е тргнат. Избори ќе има, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ рече дека денеска не гледа дека има некаква намера за блокада, но оти денот ќе потрае и ќе се почека да се отворат точките од дневниот ред на 123. седница. Митревски дециден дека предвремени избори ќе има на 12 април и оти денеска се гласаат закони кои се врзани со примена од 1 јануари 2020 година, а оти меѓу нив не е Законот за одбрана, за чие носење е потребно двотретинско мнозинство.

Седницата продолжува по редовната пауза од еден час.

Поврзани новости