СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Кавадарци сложни: Одлично и успешно работевме!

by Fokus

Во Собранието во Кавадарци се одржа новогодишен прием, каде советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги споделија своите искуства од работењето во 2018 година.

Градоначалникот Митко Јанчев порача дека е задоволен од сработеното во текот на годината, а посебно бил горд на соработката помеѓу партиите и поддршката за предложените проекти кои биле од корист за целиот град. Координаторите на советничките групи на СДСМ, Лазар Туриманџов и на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Јованчев, исто така изразија задоволство од постигнатото.

-Годината ни беше одлична и успешна – тврдат тие.

Претседателот на Советот на општината, Ристо Сакалиев, исто така порача дека зад себе оставаат успешна година, во која работел и по 15 часа дневно, и биле донесени над 500 одлуки од разни области.

-Да се обидеме да ги воочиме сите негативни работи и да се радуваме на сите постигнати успеси. 2018 година ни беше успешна, но тоа не значи дека 2019 не може да биде уште поуспешна. За постигнатиот успех е заслужен целиот тим кој напорно работеше и несебично го даде целиот свој труд за да реализираме голем број на проекти – порача Јанчев, заблагодарувајќи се на вработените во општината за посветеноста во работата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости