СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија условот на ДУИ да му ги даде гласовите на оној претседателски кандидат во вториот круг од изборите во замена на тоа претседателот на државата да се избира во Собранието по Бадентеров принцип.
– Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, рече вчера вицепремиерот за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем Артан Груби.
Од СДСМ изјавија дека претседатело се бира и ќе се бира на непосредни избори, а од Кабинетот на претседателот Пендаровски кажаа дека досега тој се изјаснил за ова прашање.
ОД ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Артан Груби.