Покрај Данела Арсовска и целото нејзино семејство имаат бугарско државјанство, излегоа денеска од СДСМ со нови нови докази.
-Не само Данела Арсовска, туку целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е уверението на господениот Ангел Арсовски сопруг на Данела издадено во 2010 година.Идентично исто како и Арсовска, тој има бугарска лична карта .Личната карата на Арсовски е издадена еден месец пред личната карта на Данела, вели Славјанка Петровска пратеник од редовите на СДСМ.
Таа објасни дека документите кои се пристигнати до партијата се проверуваат преку министерството за внатрешни работи на Бугарија.
-Јас од оваа позиција зборувам како пратеник. До нас пристигнуваат овие документи кои ги проверувам преку МВР на Бугарија, а Арсовска слободно може да тужи деколку смета дека нешто е неисправно, кажа Петровска.