340
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, изјави дека се подготвува нов закон за амнестија со цел обезбедување на гласови за уставните измени.
-Го подготвуваат СДСМ и ДУИ. Вклучени се експерти, обвинители, адвокати… Направен е преглед на кривични дела за кои се судени поранешни носители на јавни функции, опфатени се сите дела врзани за тие што се осудени за 27 април 2017 година и веројатно има и дела со кои се опфатени и некои од актуелни носители на јавни функции за кои се води постапка – рече Трајанов на Канал 5.
Според него, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори СЈО, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.