СДСМ и ДУИ сакале да ја избркаат Беса по локалните избори?

by Фокус

Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, вели Аријанит Хоџа, генерален секретар на довчерашниот владин партнер БЕСА, која премина во опозиција по неуспешниот обид да предизвика пад на владата со помош на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.

-Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорна вели „што има во домот, кажуваат децата“. Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалиционите партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени? Ова се зборови на Мендух Тачи. Филмот не беше нешто ново, надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та – посочи Хоџа на ТВ 21.

Инаку, на локалните избори во 2017 година, СДСМ и ДУИ соработуваа во Струга и го поразија дотогашниот струшки градоначалник Зијадин Села, по што неговата Алијанса за Албанците ја напушти владината коалиција. Оттука, Хоџа сака да каже дека целта на СДСМ и ДУИ биле да го поразат лидерот на БЕСА Биљал Касами во Тетово и потоа да ја избркаат од Владата на сметка на Алтернатива.

Поврзани новости