622
Ваш ли е гласот на аудио снимката Никола Груевски? Толку е едноставно, прашува денеска СДСМ како реакција на интервјуто на премиерот за МИА во кое тој тврди дека никогаш не зел 1,5 милиони евра за „Македонска банка“.
„Никола Груевски по едномесечен молк почна да се правда за милионскиот кеш во скандалозниот случај „Македонска банка“. Во нарачано интервју, во еден ист одговор Груевски, вели дека случајот бил манипулација, но и дека случајот е застарен. Груевски се изгуби. Контратужбата не го смири. Повеќе од еден месец му беа потребни да сфати дека времето за изјаснување на Јавното обвинителство тече, а бегање од цврстите докази за милионскиот кеш во случајот „Македонска банка“ нема“, стои во соопштението.