СДСМ: Груевски со 20 милиони евра за Панорамско тркало сакаше да ги задоволите криминалните апетити

by Fokus

Носителот на криминалот, Никола Груевски беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар, реагираат од владејачката партија.

„За да се исполнат личните желби на Груевски, беше променет Деталниот урбаниистички план за да се гради Панорамско тркало чија единствена намена беше да се види криминалот во проектот Скопје 2014. Покрај потрошените милиони со неговата изградба се загрози и природниот ток на Вардар како и еко-системот во реката. Сепак, преку одговорен пристап, по демократските промени СДСМ ги рационализираше трошоците од овој штетен проект. Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи  течението на реката Вардар – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости