Никола Груевски се изгуби по масовниот натпартиски граѓански мултиетнички протест, поддржан од над 100.000 граѓани на Репубика Македонија. Сите тие граѓани, независно од различностите по етничка, политичка или друга природа, жртви на неговите себични, сурови и крминални политики, му ја испратија пораката на Груевски дека е прочитан како буквар, порача СДСМ.
Од партијада додаваат дека Груевски дополнително го вознемирува погледот кон Кампот на слободата пред прозорецот на неговиот кабинет во Владата, што, според СДСМ, секојдневно го потсетува на неговата неспособност да го постигне достижното, единството на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други кои имаат само еден проблем – Никола Груевски.
-Затоа, лицемерниот патриот Груевски, преку медиумските одработувачи, манипулира на картата на национализмот, се обидува да креира безбедносни кризи, измислува мајденски сценарија. Ставот на СДСМ и на претседателот Зоран Заев е кристално јасен и познат за јавноста . Со Устав и Закон е дефинирана употребата на Македонскиот јазик и на јазиците на заедниците. Она што е предвидено со Уставот и законите треба да се почитува. Не поминува Груевски! Готово е! Заминувај!, порачаа од СДСМ.