СДСМ: Груевски нема да избегне одговорност со конфликти и тензии

by Фокус

Денешните случувања во Собранието потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евроатлантската перспектива на Македонија, реагираа од СДСМ.

„Истовремено, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието. Осомничетиот Груевски кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Груевски го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 11 години и од тоа не може да избега со провидни обиди за создавање тензии, поделби и конфликти.

Поврзани новости