384
Никола Груевски е фатен во нелегално прислушување на граѓаните на Македонија, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, се вели во денешното сооштение на СДСМ.
-Груевски ги лажел граѓаните, измислил тактички опреми, клонирани станици, странски служби во обидот да се спаси себеси и братучедот. Граѓаните знаат дека Груевски и соработиците тоа го правеле за криминални интереси на нивна штета и сега очекуваат правда. Затоа граѓаните гласаа за правда, за продолжување на мандатот на СЈО, за живот, за промени, за реформи, `се од што бега обвинетиот поранешен премиер кој е соочен со одговорноста за злоделата што ги правел. Над 612.000 во Македонија порачаа дека демократските процеси во Македонија се незапирливи“, порачуваат од СДСМ.