Никола Груевски и неговата власт ќе им положат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разрушени, на граѓаните на Куманово и на Р.Македонија, велат денеска од СДСМ.
-Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко – криминалната група, бидејки јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по се изгледа и контакти со неа? Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили ја очекуваат суровата вистина, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ ги споделува со граѓаните тагата, болката, револтот што ги оживува денешниот 9 мај и порачуваат дека јавноста ќе ја дознае вистината, а инволвираните и виновните ќе понесат одговорност.