Лажниот, виртуелен патриот, Никола Груевски, едно зборува пред граѓаните на Македонија а друго прави, задкулисно, зад грбот на граѓаните. Еднаш ќе реши да каже нешто за медиум кој не е под негова контрола и вистината излегува на виделина, се вели во реакцијата од СДСМ.
– Да не бил Никола Груевски изненаден од прашањето на угледниот „Гардијан“? Или повторно има проблеми со синусите?, прашуваат од СДСМ.
Во соопштението се посочува на материјалите од прислушувањето каде како што велат од СДСМ „граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи.
– Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски не само што се пазарел за уставното име на земјава туку разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања – се наведува во соопштението од СДСМ.