СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

by Fokus

Распишувањето на претседателските избори навестува една добра вест за граѓаните и една очекувана за Мицкоски, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, граѓаните сакаат иднина, напредок, а не деструкција, уназадување и нов Иванов.

„За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов.

Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните.

Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат.

Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад“, додаваат од СДСМ.

Поврзани новости