Граѓаните од југо-источно планскиот регион ќе одлучат на референдум дали ќе се отвора рудник во Иловица, одлучи Централниот одбор на владејчката СДСМ на денешната седница.
„Ставот на СДСМ е дека само граѓаните на југо-источниот плански регион, во општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, можат да одлучат и треба на референдум да се произнесат за ова важно прашање.
Заштитата на животната средна, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ“, соопшти СДСМ по одржаната седница на Централниот одбор.
Во објавата за заклучпците донесени на централниот одбор на партијата, СДСМ вели дека го реафирмирале ставот даден пред граѓаните на Босилово, Василево и Ново Село, во однос на постапката за отворање на рудник во Иловица, започната од Владата на Никола Груевски и БМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е во време кога Христијан Мицкоски беше негов советник. Без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското, нема да се даде дозвола за отворање на рудник“, соопшти СДСМ и додава дека затоа одлучиле да се распише реферндум.