СДСМ: Граѓаните ќе заокружат „ЗА“ европска Македонија

by fokus

Владејачката СДСМ е убедена дека граѓаните на Република Македонија ќе гласаат позитивно на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти септември. Според СДСМ, граѓаните го препознаваат историскиот момент за доброто на оваа држава.

„Сите анализи и сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека граѓаните го препознаваат историскиот момент, дека масовно ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе заокружат ЗА европска Македонија.

Граѓаните знаат дека пред нив е историска можност да ја обезбедат иднината, знаат дека Македонија припаѓа во ЕУ и НАТО, дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи е врвен стратешки приоритет.

Граѓаните се одлучни ЗА европска Македонија и затоа на референдумот на 30 септември ќе го искористат своето демократско право и ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости