СДСМ: Градот е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ да закаже вонредна седница на Советот

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ да закаже вонредна седница на Советот на Град Скопје, побара советничката во Советот на Град Скопје од СДСМ Лилјана Божиновска на денешната прес конференција. Таа рече дека хаосот и економската катастрофа што му се случуваат на Град Скопје се директна последица од неодговорноста и неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ, додава таа, го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија. Се потрошија над 100 милиони евра народни пари и денес, Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот а ВМРО-ДПМНЕ мува не ги лази поради таквата состојба. И ова не е најстрашното што може да му се случи на Скопје, ако дојде до банкрот тоа ќе значи целосен распад на системот на Градот. Банкрот ќе доведе до нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација. Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот“, додава Божиновска.

Таа изјави дека се исполнети сите предуслови за одржување на вонредна седница и дека претседателот на Советот, Трајко Славески од МВРО-ДПМНЕ мора да ја закаже.

„Хаосот во градот кулминира а жителите на Скопје со право се лути и разочарани“, рече Божиновска.

Поврзани новости