Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги, велат од СДСМ.
-Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%. Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комунални услуги, вода и паркинг на граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина. Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија, велат од партијата.