671
Владејачкиот СДСМ денеска во 18 часот закажа Конгрес на кој ќе бидат утврдени листите со кандидати за пратеници на коалицијата.
Како што соопштија од партијата, конгресот ќе почне и ќе заврши со обраќање на партискиот лидер Зоран Заев.
Во меѓувреме, највисокиот партиски орган треба да ги утврди пратеничките листи, кои, според партиски извори, во секој момент се очекува да се финализираат.