СДСМ го прозива Мицкоски: Зошто молчиш за пресудите на Груевски?

by Фокус

Пресудите за „Плацови на Водно“ се нова потврда, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, реагираат повторно од СДСМ прозивајќи го актуелниот лидер Христијан Мицкоски зошто молчи.

„Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот на Мицкоски ги сторил во овој судски предмет. Овие кривични дела за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски. По случаите ’Тенк‘ и ’Насилство во Центар‘ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски. Но зошто молчи Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ.

Во случајот „Плацови на Водно“, Груевски беше првообвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот, а со првостепената пресуда изречена вчера од Основниот кривичен суд во Скопје тој доби седум години затвор.

Поврзани новости