570
Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани, реагираат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук статуси бара одговорност за аферата „Рекет“.
„Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш. Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта? Дали во Унгарија и во Словенија си се гледал со уште некој и кој е тој? Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“ велат од владејачката партија.