СДСМ го поздрави заминувањето на Иванов: Тоа значи крај на поделбите, блокадите и кризите

by Фокус

Добра вест за граѓаните и државата e што после 10 години заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов, соопштија од СДСМ во пресрет на денешната инаугурација на новиот претседател Стево Пендаровски.

„Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција. Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните. Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок“, стои во партиското соопштение.

Од владејачката партија истакнуваат дека граѓаните, а државата врти нова страница кон членство во НАТО и ЕУ.

Поврзани новости