376
Од владејачката СДСМ на премиерот Димитар Ковачевски денеска му порачаа на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да одреди тимови околу уставните измени.
„Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови. Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени. Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена“, стои во партиското соопштение.