СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Порачува дека очекува казна за извршителите на нападот, а на опозициската партија и забележува дека не смогнала сила ниту да го осуди.
-Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи. За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот, стои во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ, „нападот врз новинарски екипи, уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите“.
-Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели. Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка, наведува СДСМ.
Нападот на новинарската екипа претходно го осудија Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.