„СДСМ изминатите години на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниците, со покачување на платите за 55 проценти“ соопштија од СДСМ
Според нив, платите на наставниците само во септември годинава се зголемени за 15 отсто. Од 2017 досега платите на наставниците се зголемени во повеќе наврати, за вкупно 55 отсто.
„Со покачени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство достигнуваат над 40.000 денари. Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор. Разликата меѓу СДСМ и ДПМНЕ е јасна и очигледна“, потенцираат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека СДСМ за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти.