СДСМ: Функционерите на ВМРО од Прилеп не ги почитуваат мерките за маски и дистанца

by Фокус

Комитетот на СДСМ од Прилеп обвини дека највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ од овој град Петар Ристески и Ане Лашкоска ги кршат прописите за заштита од корона вирусот.

-Од објавените фотографии на нивните фејсбук-профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19 – рече Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата.

Поврзани новости