СДСМ: Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

by Fokus

Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на маржите требаше да биде спасот за граѓаните од виоките цени, соопшти СДСМ.

„Мерката заврши а граѓаните не ја ни почуствуваа дека постоеше. После еден месец од примената на оваа мерка, граѓаните почувствуваа само разочарување. Синдикалната кошничка се намали за симболични 57 денари – толку се „заштедило“ за еден месец. По ова легитимно е прашањето, дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста?

Цените во маркетите за најголемиот дел од производите останаа исти. Неколку производи се намалија за незначителни суми, но тоа граѓаните не го почувствуваа. Ова не е случајност, неефикасната мерка е последица на лошото и непромислено работење на Владата. Мерката не беше добро подготвена, а Владата им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред нејзиното стапување во сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари, а четиричлено семејство има потреба од најмалку 61.249 денари за основните потреби.

Граѓаните се принудени да одбираат – дали да купат основни прехранбени производи или да ги платат сметките? Секој ден е битка за достоинствен живот, а оваа Влада не понуди никакво решение, ниту план“ се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости