Целата јавност вчера во македонското Собрание виде дека пратениците од антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се плашат од вистината. Покажуваат огромна нервоза во Собранието затоа што се разобличени сите нивни лаги, измислици, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која презентираше видео од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на гробот на Тодор Александров.
-Погледнете и слушнете го ова видео, како Антонијо Милошоски беседи на гробот на Тодор Александров, на бугарски јазик, под бугарски знамиња. Дури повикува и на заедничко чествување, за заедничка историја, слушнавте. Епа тоа е вистината почитувани граѓани за Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ, на бугарски јазик зборуваат за заедничка историја со Бугарија. Додека ја плашат јавноста со непостоечка бугаризација. Тоа е истиот тој Милошоски кој кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески го нарекуваше „џуџето и плагијатор од Небрегово“, рече Кузеска.