СДСМ: ЕУ потврди дека условите се клучни за да има преговори

by Фокус

СДСМ, сите слободоумни граѓани и цела демократска Македонија го цени фактот што Европската унија потврди дека неопходните услови што треба да се исполнат се клучни за преговарачкиот процес да стане возможен, реагира СДСМ денеска откако Европската унија соопшти дека планираната средба во Виена за утре нема да се одржи.

-Политичките партии имаат обврска пред граѓаните на Република Македонија да ги исполнат сите услови што ги презеле за слободни, фер и кредибилни избори. ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува, се додава во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани новости