СДСМ вечерва испрати реакција на ставот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ дека му дале овластување на Христијан Мицкоски да преговара за составување влада.
-Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето. Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи. Нему и на неговите соработници веќе не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот. Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зашто и тоа му е климаво, велат од СДСМ.