СДСМ: Државата да им понуди три опции на младите по завршувањето на средно образование

by Фокус

-На секој млад човек по завршување на задолжителното формално образование, од државата ќе му следуваат три опции, а тие се: да добие вработување, да му се овозможи практично дообучување во траење од четири месеци или да избере да се дообразува на сметка на државата.

Ова е предлог кој денеска го презентираше Стефан Богоев од СДСМ на јавната трибина „Младите можат“, во организација на институтот Прогрес. Богоев додаде дека тоа е веќе видена работа во западните земји, а кај нас ќе биде новост.

Богоев рече дека СДСМ  планира и темелна реконструкција на студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, како и нова зграда со 700 легла, која ќе се изгради во близина на домот „Стив Наумов“. Студентите ќе добиваат студентска платежна картичка и картичка за субвенциониран меѓуградски превоз, а предвиден е и бесплатен јавен транспорт за сите до 29 години, а не само за студентите.

 

Поврзани новости