СДСМ: ДПМНЕ уплашени заради рејтингот и високата доверба на граѓаните за Пендаровски

by Fokus

ДПМНЕ се уплашени од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата затоа што знаат дека Пендаровски е победнички кандидат кој ја ужива довербата меѓу граѓаните и е фаворит на изборите, соопштија од СДСМ.

„Бидејќи ДПМНЕ нама што да каже за нивната понуда пред граѓаните, немаат идеја ниту план, фокусирани се на малограѓанско политиканство. Угледот и кредибилитетот на претседателот Пендаровски се преголем залак за уличниот жаргон и празните плукачки флоскули кои излегуваат од Белата палата на ДПМНЕ.

Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата“ порачаа од владејачката партија.

Поврзани новости